Македонија уште ја троши првата кутија вакцини од Србија, бавното темпо на вакцинација ги загрижува граѓаните

Од:

Новите дози од српската донација на вакцината Фајзер пристигнува, а во меѓувреме вакцините од првата кутија наменети за здравствени работници се уште не се потрошени.

До пролетта останува помалку од еден месец, а во Македонија вакцинирани се само 1.510 здравствени работници.

Темпото со кое се вакцинираат здравствените работници ги загрижува граѓаните, прашуваат кога ќе заврши имунизацијата доколку се продолжи со ова темпо.

Министерот Венко Филипче во неколку наврати изјави дека внимава количината на пратки кои се набавуваат да биде доволно голема, бидејќи целта е кога еднаш вакцинацијата ќе започне да нема нејзини прекини.

Првите 4.680 вакцини Македонија ги доби пред нешто помалку од две седмици, а со втората пратка од Србија се комплетира нивната донација од 8.000 вакцини Фајзер.

Откако набавката на големите пратки вакцини министерот Филипче ја најави минатиот декември, поминаа речиси цели три месеци, но граѓаните на Македонија се уште немаат можност да се вакцинираат, освен доколку немаат српско државјанство, за тоа да го сторат во Србија.

Месецов пуштена беше во употреба интернет страницата преку која граѓаните ќе можат да пријават интерес за вакцинација, преку која за само една седмица се пријавија повеќе од 53 илјади граѓани, но без да знаат дали ќе можат да изберат која од ковид-вакцините ќе ја добијат.

Граѓаните во овој момент се надеваат на кинеската вакцина Синовак, американската Фајзер, Астразенека преку ковакс системот, и најново на руската Спутник V.

Македонија денеска, освен ако нема новозаразени од Ковид-19, го надминува бројот од 100 илјади вкупно заразени од почетокот на пандемијата. Од нив 90.096 го победиле коронавирусот, но за 3.085 граѓани тој беше смртоносен.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска