Македонија треба да работи на владеење на правото и борба против корупцијата порачува германската амбасадорка

Од:

Северна Македонија во иднина треба да постигне подобри резултати во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата, изјави амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер.

Според амбасадорката Дрекслер, низ Извештајот на Европската Комисија е добра основа за идните преговори со ЕУ.

– Извештајот за Северна Македонија е многу важен и значаен бидејќи преку него се мери напредокот во различни области. Извештајот претставува добра основа за дискусија, добра основа за идните преговори и покажува во кои области што е постигнато, и во кои области во иднина што треба да се постигне. Тука ќе ги спомнам владеењето на правото и борбата против корупцијата, рече амбасадорката Дрекслер при денешната посета на Битола.

Би можело да ве интересира

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

Нема напредок со уставните измени, распространета коруција и мешање во судството – Извештај на ЕК за Македонија

Катерина Ѓуровски

Лорковски: Македонија напредува, но потребно е дополнително усогласување со енергетското законодавство

Од суштинско значење е донесување нов Кривичен законик, советот на амбасадори за извештајот на ЕК

Ако направиме уставни измени ќе добиеме „петка“, не е точно дека сме зад Албанија, Мицкоски за извештајот на ЕК

Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и со Босна, вели европратеничката Јовева