Македонија со оглас во српските медиуми бара лекари специјалисти

Од:

Министерството за здравство на Реублика Македонија објави оглас за ангажирање лекари специјалисти од Србија.

Лекарите ќе бидат ангажирани за болниците во Скопје, Велес, Струмица, Охрид, Штип, а отворена е можноста и за ангажирање и во здравствените институции и во другите градови во Македонија, согласно со потребите, пишува „Б92“ под наслов „Македонија вработува наши лекари“.

-Лекарите кои ќе бидат ангажирани потребно е да бидат специјалисти од било која специјалност во медицината со најмалку 10 годишно работно искуство во нивната област. Посебно се бараат специјалисти по офтамологија, анестезија и реанимација, гинекологија, неонатологија, васкуларна хирургија, ендикронолошка хирургија, гинеко-онколошка хирургија, ортопедија и урологија.

За ангажираните лекари специјалисти ќе биде обезбедено сместување, ќе им биде исплатен соодветен надомест утврден со договорот на Министерството за здравство за текот на ангажманот како и надомест за патни трошоци.

Заинтересираните кандидати можат да ја испратат биографијата на адресата [email protected], наведено е во огласот на српскиот весник „Политика“.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем