Македонија со напредок за три места на листата на Танаспаренси Интернешнл

Од:

Република Македонија бележи напредок за три места и е една од највисоко рангираните земји во регионот во справувањето со корупцијата, посочуваат резултатите од истражувањето на Транспаренси Интернешнл за 2014 година.

Според листата на Транспаренси Интернешнл, Македонија се наоѓа на 64-то место заедно со Турција, веднаш зад Хрватска и Словенија, додека зад неа се Бугарија, Романија и Грција кои го делат 69. место, Црна Гора е 76, Србија 78, Босна и Херцеговина 80, а Албанија и Косового делат 110 место.

Во однос на 2012 наваму, Македонија бележи континуиран напредок од пет места, искачувајќи се до позицијата најмалку корумпирана земја во регионот.

Од земјите во регионот во однос на претходната година назадување за неколку места бележат Хрватска, Турција, Црна Гора, Србија, и Босна и Херцеговина, додека пак напредок бележат Словенија, Македонија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Романија две години по ред останува на 69 место.

Врз основа на резултатите од овој извештај, се покажува дека Македонија активно се бори против корупцијата и поради тоа успеала на напредне за 42 места во однос на 2006 година.

Транспаренси интеренешел констатира дека корупцијата останува сериозен проблем во светот. Апелира да бидат преземени глобални мерки против неа и појавите што ја поттикнуваат како што се перењето пари, нелегалното политичко финансирање и нетранспарентно работење на државните институции. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов