Македонија се усогласува со директивата за промена на времето, одлуката ќе ја донесе Владата

Од:

Викендот 28-ми кон 29-ти овој месец во Македонија ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат, а согласно донесената одлука во Европа да се укине промената на времето, во Македонија се следи процесот на усвојување на предлог директивата и претстои усогласување на националното законодавство на РМ и определување на начинот на транспонирање на ЕУ директивата.

Предлогот на Бирото за метрологија, како што не информираат од Министерството за економија, ќе биде доставен до Владата на одлучување.

– Во новата предлог директива за прекинување на сезонските промени на времето која се уште не е објавена во службениот весник на ЕК и Парламентот на ЕУ е наведено дека земјите членки треба да ја транспонираат до 1 април 2019 година и да се изјаснат за изор на стандардно време кое ќе се применува на национално ниво. Бирото за метрологија ги следи случувањата во однос на процесот на усвојување на директивата за прекинување на сезонските промени на времето. По усвојување на предлог-директивата, претстои усогласување на националното законодавство на Република Македонија и определување на начинот на транспонирање на горенаведената директива, а предлогот од страна на Бирото за метрологија ќе биде доставен до Владата на РМ на одлучување, наведуваат од Бирото за метрологија.

Европската комисија неодамна ја донесе одлуката за промена на стрелките на часовникот според која последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври следната година. Според предлогот секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките кои сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година.

Причина за покренување на иницијативата во европските земји, а укинување на промената на времето беа негативните последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот. А спроведената анкета покажа дека 84 проценти или 4,6 милиони европејци не сакаат да им се поместуваат стрелките на часовникот.

За укинување на летното време веќе се изјаснети Литванија, Естонија, Летонија и Финска.

Промената на времето во западна Европа е воведено во почетокот на 1970 година со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемена продуктивноста, го подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден се прави поефикасен.

Преминот од летно во зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а до сега е воведено во околу 70 држави, главно на северната хемисфера.

Во Македонија зимското и летното сметање на времето е воведено во 1996 година.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ на осветувањето на „Свети Константин и Елена“: Центар ќе го почитува своето наследство и верските чувства на граѓаните

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош

Марковска Илиевска: Стевчо Јакимовски во 2021 вети катна гаража на Орце Николов, четири години потоа само дупки и ѓубре

Предраг Петровиќ

Гаши: Сите учесници на изборите да се воздржат од секоја форма на притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

Клиника Жан Митрев дел од Регионалната школа за срцева слабост