Македонија прва ја потпиша Спогодбата за Балканските медицински сили

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, денеска во просториите на Министерството ја потпиша Спогодбата за Балканските медицински сили. Станува збор за проект инициран од Кралството Норвешка и поддржана од Соединетите Американски Држави со кој се зајакнува интероперабилноста на регионот со ОН, НАТО и ЕУ на ова поле.

– Република Македонија е всушност првата земја која ја потпиша Спогодбата, со што се потврди и определбата на нашата земја, но и на Министерството и Армијата на Република Македонија за поблиска регионална соработка на сите полиња. Со тоа ние ќе овозможиме и нашиот регион да биде побезбеден и попросперитетен, рече министерот Јолевски на потпишувањето на документот во присуство на одбранбеното аташе на Кралството Норвешка.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Балканските медицински сили чие седиште е во Република Македонија, имаат за цел да ги подобрат и дополнително зајакнат националните и регионалните воени медицински капацитети за поддршка на цивилната заедница, како и интероперабилноста во тој сегмент со силите на ОН, НАТО и ЕУ.

Од регионот, во Балканските медицински сили освен Република Македонија, вклучени се и Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Црна Гора.

Проектот е дел и од концептот за „паметна одбрана“ имајќи предвид дека вклучува специфични капацитети од земјите од регионот, кои ќе бидат достапни за тие земји, но и во рамките на некое идно можно заедничко учество во меѓународни мировни мисии.

Би можело да ве интересира

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата