Македонија понуди лекари специјалисти кои рабoтеа со повредените во Кочани за помош во швајцарската трагедија

Од:

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, г. Кристоф Зомер.

Во рамки на разговорот, министерот Муцунски изразил искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.

Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.

Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.

Би можело да ве интересира

Нереди во Швајцарија: Демонстранти ја попречувaа полицијата да му помогне на повреден малолетник

Горан Наумовски

Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Пресврт во Швајцарија: Руси останаа без визи за медицински третман

Швајцарија ја победи Колумбија на пенали

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on