Македонија по 16- ти пат ја засадува својата иднина

Од:

Под мотото „Засади успех“ денеска на повеќе од 100 локации на целата територијата на Република Македонија ќе се одржи 16-тата акција Ден на дрвото-засадија својата иднина“ на која ќе се засадат три милиона дрвца на 930 хектари земјиште.

Како што информираат од Граѓанското здружение „Ден на дрвото- засади ја својата иднина!“ ќе бидат засадени и 7.000 леандри покрај автопатот Гевгелија-Смоквица и 3.000 чемпреси покрај другите автопати низ државата. Од Македонски шуми, за сите општини во Република Македонија ќе бидат доделени уште 67.000 дрвца.

Според нив, досега граѓаните во Македонија засадиле околу 50 милиони дрвца, а од Испекторатот за земјоделие е потврдено дека зафатени се околу 60 проценти од нив.

Со организиран превоз од 9 и од 11 часот граѓаните во сите општини ќе можат да ги посетат одредените локациите и да засадат дрвце. Враќањето назад е предвидено во 14 часот, информираат од Здружението.

Мото на годинашната акција „Засади успех!“  е да се потсети на мотивите, почетоците, развојните фази и резултатите на акциите, кои започнаа пролетта 2008.

– Состојбата „како беше“, а „како е сега“, по 15 акции и по осум години се следи и преку идејата и пораките на ТВ-спотот „Засади успех!“ кој не потсетува на целата историја на зафатот на „Денот на дрвото“, каде граѓаните имаат носечка улога, истакнуваат од Здружението..

Кампањата, беше подржана и од средношколците од градот Скопје, кои заедно со иницијативата „Денот на дрвото“, континуирано засадуваа дрвца во училишните дворови и ја озеленуваа својата средина. Според организаторите на акцијата, ваквото наменско и планирано засадување има повеќекратни ефекти и далекусежни благодети, не само за озеленување на дворовите на училиштата, туку и за едукација и поттикнување на еко-свеста кај младите.

Акцијата, чиј идеен творец, е маестро Борис Трајанов, во 2008 поведе со група ентузијасти кон засадување на нова еко-иднина поттикна формирање Граѓанско здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“, кое веќе осум години, успеа, граѓаните на Македонија да ги поведе во нови успешни акции, истакнува организаторот.

Би можело да ве интересира

Во акцијата „Ден на дрвото“ повеќепати биле пошумувани исти површини

Ана Ололовска

Во Штип реализирана акцијата „Садница плус“

Наум Локоски

Десет години „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Наум Локоски

Француската амбасада се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Ана Ололовска

Дипломатскиот кор дел од акцијата „Ден на дрвото“

Ана Ололовска

Денот на дрвото ќе се одработува наредната година

Емир Латифовиќ