Македонија останува важен партнер на НАТО

Од:

Ние ја цениме поддршката што ни ја дава Република Турција. Таа поддршка ќе биде корисна и има вредност бидејќи Република Македонија останува важен партнер на НАТО во мировните мисии, порача министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими, по денешните средби со министерот за одбрана на Република Турција Исмет Јилмаз и началникот на Генералштабот на Турските вооружени сили генерал Неџдет Озел.

Министерот Бесими додаде дека досегашната соработка покажала оти Република Турција е еден од најголемите донатори на Република Македонија, особено во областа на одбраната, односно за македонската армија.

– Досега Република Турција има помогнато со опрема во износ од над 18 милиони долари, додека воедно повеќе од 800 офицери и подофицери од Армијата на Република Македонија се обучени во Република Турција, додаде министерот Бесими.

Во текот на разговорите, како што соопшти денеска Министерството за одбрана, уште еднаш била потврдена поддршката од Република Турција за евроатлантската интеграција на Република Македонија, додека истовремено било истакнато дека тој процес е од големо значење за државата.

Министерот Бесими, во рамки на посетата на Турција, се сретна и со министерот за надворешни работи на Република Турција, Ахмет Давутоглу на која беше потврдена одличната меѓусебна соработка, а беа разменети и мислења во однос на состојбата во регионот

Истакнувајќи ја големата почит на Република Македонија кон таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк, министерот Бесими положи венец во мавзолејот и го посети музејот Ататурк.

Односите помеѓу Република Македонија и Република Турција во областа на одбраната се развиваат уште од 1994 година, кога Република Турција прва упати воено аташе во Република Македонија. Истата година беше потпишана и првата Спогодба за соработка, додека првата донација за АРМ пристигна токму од Република Турција.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори