Македонија одбележува 115 години од смртта на Гоце Делчев

Од:

Македонија денеска одбележува 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Одбележувањето започна со панихида на гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“ каде што делегации на повеќе институции му оддадоа почит и положија цвеќе.

Делегацијата на Владата на Република Македонија ја предводеше премиерот Зоран Заев, а во нејзиниот состав беа министрите за труд и социјална политика Мила Царовска и за култура Роберт Алаѓозовски, како и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи.

Цвеќе пред гробот на Гоце Делчев положија и делегации од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието, Армијата, Сојузот на борци, претставници на политички партии, на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип,…

Панихида во спомен на македонскиот револуционер одржа поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски