Македонија на 75-то место, на мапа за ризик од тероризам

Од:

Бројот на жртви во теористички напади ширум светот во 2013 година е зголемен за 61 процент, во однос на 2012 година, соопшти австралискиот Институт за економија и мир, пренесе „Бизнис инсајдер“.

Во извештајот е објавена и мапа на светот, на која со темна боја се означени државите во кои ризикот од тероризам е поголем.

Ирак, Авганистан, Пакистан, Нигерија и Сирија се петте водечки држави на оваа листа.

Статистиката за претходната година е поразувачка, а се стравува дека бројките за 2014 година би можело да бидат уште поголеми, поради акциите на ИСИС на просторот на Блискиот исток, но и поради дејствувањата на Боко Харем во Нигерија, како и на Талибанците во Авганстан и Пакистан.

Освен овие пет држави, голема опасност од терористички напади им се закануваат и на Ангола, Бангладеш, Бурунди, Централната Африканска Република, Брегот на Слоновата коска, Етиопија, Иран, Израел, Мали, Мексико, Мјанмар, Шри Ланка и Уганда.

Интересно е да се нагласи дека Косово на оваа мапа е третирано како независна држава и дека аналитичарите процениле дека токму тука постои најголем ризик од терористички напади на просторите на поранешна Југославија.

Косово се наоѓа на 54 место од 162 држави опфатени со истражувањето, додека Македонија е на 75 место.

Србија се наоѓа на 89-тото место, веднаш зад Бих и Црна Гора кои се на 86 и 87 , додека Хрватска, Албанија и Словенија не се меѓу првите 100 држави.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

Двајца хрватски малолетници се уапсени за тероризам

Војската излегува на улиците во Виена: Австрија го зголеми нивото на закана од тероризам

А1он