Македонија и Косово ќе ја зголемат динамиката за отворањето нов граничен премин

Од:

Макеоднскиот амбасадор во Приштина Илија Страшевски денеска оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Косово Бејтуш Гаши, со кого разговарал за текот на работата на двете државни комисии за отворањето и функционализирањето на граничниот премин Станчиќ-Белановце.

Според соопштението на косовското МВР по средбата, двете страни најавиле пораст на динамиката за функционализација на преминот, со цел да се обезбеди слободен проток на луѓе и стоки.

На средбата е разговарано за прашања од заеднички интерес за двете земји, посебно на планот на безбедноста.

– Министерот Гаши нагласи дека соработката со Република Македонија е стратешка, имајќи ги како основа координациите како две соседни земји, кога е во прашање борбата против организираниот криминал, за што се користат и граничните премини, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Горан Наумовски

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат