Македонија ќе учествува во АЛТЕА со уште еден медицински тим и правен советник

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ја изгласа одлуката за испраќање уште еден медицински тим и правен советник на Армијата на Република Македонија во мировната операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА.

Припадниците на АРМ се испраќаат за период од шест месеци од мај 2013, кога е првата годишна ротација, и од ноември 2013, кога е втората годишна ротација и правен советник кој се испраќа од јуни односно декември оваа година.

Одлуката беше едногласно изгласана од страна на Парламентот. Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Влатко Ѓорчев изрази задоволство што Собранието односно Комисијата едногласно ја донесоа оваа одлука и што се поддржуваат тимовите на АРМ кои учествуваат во мировните мисии на НАТО и ЕУ во Авганистан, Ирак, БиХ… Ѓорчев нагласи дека македонските војници се многу ценети поради својата професионалност во НАТО.

На денешната 59. седница на Собранието беа констатирани пратеничките мандати на Христина Рунчева и Панче Дамески од ВМРО-ДПМНЕ, кои доаѓаат на местата на Ванчо Апостолов и Стефче Трпковски, кои освоија градоначалнички мандати.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила