Македонија ќе купи од Франција опрема за противвоздушна одбрана

Од:

Министерството за одбрана пристапува кон набавка на современ систем за противвоздушна одбрана, а за кој ќе склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција, информираше на денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието, министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Образложи дека станува збор за унапредување на системот за борбена готовност на Армијата во насока на остварување на основната задача за одбрана на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

„Како НАТО членка, безбедноста на нашето небо ја гарантираат сојузничките воздухопловни сили, а набавката на системот за противвоздушна одбрана е комплементарна во целокупниот одбранбен систем на државата. Во изминатите две децении не е извршена набавка на систем за противвоздушна одбрана кој е потребен пред сè за поддршка и заштита на припадниците на Армијата, заштита на институциите, и зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Северна Македонија“, велат од Министерството.

Се работи за повеќегодишна набавка на систем за противвоздушна одбрана на мали височини, кој треба да ја унапреди борбената готовност на Армијата, а кој е предвиден согласно Планот за опремување и модернизација на Армијата.

Како што е наведено, договорот ќе биде склучен наскоро, а за типот на воена опрема и за динамиката на испорака јавноста ќе биде информирана.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се доволни манго, папаја и аспарагус, сега Министерство за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра

А1он

Левица: МО да го расветли скандалозниот конкурс за офицери, голем број од примените не ги поминале физичките проверки

А1он

Левица: Министерството за одбрана лаже – Најдобрите кандидати се подло одбиени, а „втора група” по истиот конкурс нема да има

Министерство за одбрана: Десетмината прилепски бранители убиени кај Карпалак загинаа за татковината

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО