Maкедонија ќе ги обновува градбите од отоманскиот период

Од:

Maкедонија отпочнува проекти за реконструкција со цел да ги заштити џамиите и другите историски градби од отоманскиот период.

Новата програма во Македонија за обнова и заштита на културно-историското наследство од отоманскиот период ќе ги продлабочи македонско-турските односи и ќе помогне да се подобри меѓуетничката и верската толеранција во земјата, велат турските и македонските официјални претставници, граѓаните и експертите.

Со владината програма ќе се обезбедат средства за реконструкција на повеќе од десетина џамии, бањи и други културно-историски градби од отоманскиот период. Џамијата Мустафа Челеби во Струга, која беше уништена пред три години, е една од нив.

Тања Паскали Бунташевска, директор на Завод и музеј Охрид, вели дека Македонија ќе соработува со Турската агенција за меѓународна соработка и развој (ТИКА) за време на реконструкцијата.

„На тој начин сите овие објекти ќе бидат комлетно заштитени и нема да се дозволи промена на нивната архитектура“, рече Бунташевска за SETimes. „Оваа иницијатива ќе придонесе да имаме одлична меѓуверска толеранција и ќе ги подобри односите во мултиетничките заедници во Македонија.“

Илкер Мустафа, претседател на Македонско-турското здружение, рече дека сите активности што ќе помогнат да се заштити дел од културата и историјата на турскиот народ ќе придонесат за поголем меѓународен и меѓуетнички соживот и тоа е, исто така, добро за иднината на Македонија.

„Во Охрид во 1900 година 70 отсто од населението биле Турци. Во османлиското време само во Охрид имало 40 џамии“, рече Мустафа за SETimes. „Тоа доволно зборува дека сè ова што се прави е позитивно и ја трасира нашата иднина како општество.“

Oколу 40.000 турски туристи ја посетија Македонија во 2013 година.

„Тие кога ќе дојдат овде и кога ќе видат дека старите џамии се реконструирани и се во одлична состојба многу се радуваат и тоа создава клима на пријателство, доверба, почитување помеѓу двата народи“, рече за SETimes Сеад Ибраим, туристички работник од Охрид.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски