Македонија ќе бара екстрадиција на уапсениот Османи од Косово

Од:

Министерствтото за внатрешни работи од страна на косовските полициски служби беше известено дека е приведен Сулејман Османи (55) од село Брест, за кого МВР имаше издадено меѓународна потерница распишана преку Интерпол.

Како што соопшти денеска МВР, тој како припадник на елиминираната криминално-терористичка група во полициската акција од 09 мај годинава во Куманово е осомничен за кривично дело „тероризам“. За него постојат сомненија дека учествувал и во нападот на Полициската станица Гошинце во кој беше одземена поголема количина оружје.

Според информациите од Косово, стопи во соопштението, тој е лоциран од специјалните полициски единици во куќа во село близу македонско-косовската граница. При претресот кај него е пронајден и одземен и еден пиштол со муниција.

Од  страна на Судија на претходна постапка, во отсуство на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. МВР согласно законските одредби ќе го информира Министерството за правда на РМ за започнување на екстрадициската постапка.

О.С. беше уапсен по акцијата во кумановско Диво насеље, меѓутоа успеа да побегне по пропустите направени од полициските службеници на терен, во моментот кога ја посочуваше локацијата на која било сокриено оружјето украдено од ПС Гошинце. Против полициските службеници, задолжени за негово обезбедување од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР е започната дисциплинска постапка поради евидентираното непрофесионално постапување.

Инаку, на крајот од април годинава, неколку дена по нападот врз полициската станица за гранична контрола во Гошинце, во претресот во објекти во село Брест, сопственост на осомничениот беа откриени и одземени две автоматски пушки 7,62 мм. со пет рамки и 100 куршуми калибар 7,62 мм. за автоматска пушка, две снајперски пушки 7,9 мм. со три рамки и 20 куршуми калибар 7,9 мм., 10 пиштоли М57-ТТ 7,62 мм. со 22 рамки и 9 куршуми 7,62 мм. за пиштол, футрола за пиштол, една радио станица со два полначи, маскирна униформа со ознаки од „УЧК“, како и делови од облека, и други предмети. Беше утврдено дека запленетото оружје е дел од оружјето одземено при нападот на полицискиот објект.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово