Македонија ја поставува заштитата на пешаците за приоритет

Од:

Заштитата на пешаците треба да биде важен сегмент во напорите за спречување на повреди, препорачаа учесниците во дијалогот за националната политика за заштита на пешаците кој се одржа во Скопје.

Работилницата беше одржана во организација на Канцеларијата на СЗО во Македонија, во соработка со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравство како дел од овогодишната кампања за безбедност на патиштата „Направете го пешачењето безбедно“.

На работилницата присуствуваа 23 претставници од институции инволвирани во сигурност на патиштата, како што се Министерството за здравство, Институтот за јавно здравство, Националниот совет за безбедност на патиштата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и невладини организации учествуваа во работилница.

Конструктивната дискусија резултира со препораки за натамошни активности во правец на имплементација на петгодишната Национална стратегија, која беше промовирана во 2009 за подобрување на безбедноста на сообраќајот. Учесниците на работилницата подвлекоа дека несреќите со пешаците и други сообраќајни незгоди не треба да се прифатат како неизбежни, бидејќи тие носат специфичен ризик и затоа можат да се предвидат и да се избегнат.

На работилницата беа презентираа одредени препораки за заштита на пешаците, како: намалување на дозволената брзина, оделување на пешаците од возниот сообраќај, зголемување на видливоста за пешаците, менување на однесувањето на возачите и пешаците преку јавни кампањи и законска регулатива, подобрување на дизајнот на моторните возила, подобрување на грижата за повредените на местото на несреќата, подобрување на здравствената грижа што ја нудат болниците за прва помош, рехабилитација и реинтаграција на жртвите од такви несреќи во општеството.

Се очекува имплементацијата на Националната сратегија за безбедност на патиштата да го преполови за 50 проценти бројот на смртни случаи од сообраќајни несреќи и ниту едно дете да не настрада на патиштата во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски