Македонија ја одбележува Светската недела на вселената

Од:

Македонија е една од 73. земји во кои од 4 до 10 октомври се одбележува Светската недела посветена на вселената (World Space Week) што вклучува речиси 1.800 различни настани.

Целта на одбележувањето е да се даде акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на претходната година.

Одбележувањето на Светската недела почнува на 4 октомври во чест на овој датум во 1957 година кога е лансиран првиот сателит Спутник 1, со што се отвори патот за истражување на вселената. Завршува на 10 октомври, датумот на кој во 1967 година е потпишан Договорот за принципи и активности на државите вклучени во истражување и соодветна употреба на вселената, вклучувајќи ја и Месечината и другите небесни тела.

Би можело да ве интересира

Братот на Мајли Сајрус ја обвини Кети Пери дека ја копира неговата сестра: Те испративме во вселената, не успеа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски астронаути се вратија на Земјата по девет месеци минати во вселената

А1он

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Одбележан Меѓународниот ден на космонаутиката

Ана Ололовска

Македонија ја прославува Светската недела на вселената

Ана Ололовска

Пленумот на ПМФ утре организира набљудување на затемнувањето на Сонцето

Емир Латифовиќ