Македонија избира претседател и пратеници во Собранието

Од:

Во Република Македонија денеска се одржува вториот круг од петтите претседателски избори и  осмите парламентарни избори, трети предвремени во низа.

На 3.480 избирачки места во земјата право на глас на претседателските избори имаат 1.779.572 избирачи, а во избирачкиот список за парламентарните избори се запишани 1.780. 128 избирачи. Гласачките места ќе бидат отворени во 7:00, а затворени во 19:00 часот.

На избирачките места ќе има два извода од избирачкиот список, еден за парламентарните, а вториот за претседателските избори.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој на вториот круг од изборите ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.

Оваа година првпат на претседателски избори право на глас имаа и македонските државјани во странство. Прифатени во рокот беа пријавите на 8.332 македонски државјани кои имаа можност да гласаат вчера, на ден пред изборите, на 34 избирачки места во изборните единици 7 (Европа и Африка), 8 (Северна и Јужна Америка) и 9 (Австралија и Азија).

За предвремените парламентарни избори, кои се трети по ред и трети во низа во Македонија, а осми парламентарни, се поднесени 14 листи со кандидати за 123 места во Парламентот. Листи поднесоа пет коалиции и девет политички партии.

Пратениците се избираат според пропорционалниот модел во Македонија, а според мнозинскиот во дијаспората. Територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца пратеници се избираат во дијаспората – по еден пратеник од трите изборни единици: Европа и Африка,  Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.780.128 граѓани. Пријавени за гласање во дијаспората беа 23.782 македонски државјани. По изборни единици за парламентарните избори во првата запишани во ИС се 297.686 гласачи, во ИЕ 2 306.067, во ИЕ 3 280.891, во четвртата 280.810, во ИЕ 5 286.434 и во шестата 304.458 гласачи. Најмногу пријавени за гласање во дијаспората има во ИЕ 7 (Европа и Африка) 18.911, во осмата (Северна и Јужна Америка) 3.337, додека во ИЕ 9 (Австралија и Азија) 1.534.

Вчера гласаа и затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица, војниците, како и болните и немоќните лица.

Досега се одржани четири избори за претседател на Република Македонија, во 1994, 1999, 2004 и 2009 година.

Првите избори за пратеници во Собранието беа одржани во 1990 година, вторите во 1994, третите во 1998, четвртите во 2002, петтите во 2006, a шестите во 2008 година и седмите во 2011 година.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226