Македонија и Србија заедно ќе работат на исполнувањето на европските критериуми во областа на администрацијата

Од:

Македонија и Србија наскоро ќе потпишат меморандум за соработка во областа на администрацијата со кој двете држави ќе си помагаат во исполнувањето на европските критериуми.

Ова беше договорено на денешната работна средба во Скопје меѓу министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и српскиот министер за правда и државна управа Никола Селаковиќ.

– Склучувањето на меморандумот за соработка доаѓа на предлог на министерот Селаковиќ. Во блиска иднина ќе направиме нацрт агенда и акциски план за соработка со кој ќе се предвиди експертски групи од двете земи да соработуваат на квартално ниво, изјави министерот Ивановски по средбата.

Македонија, нагласи, во моментов работи на неколку нови значајни легислативи како што се Законот за администрација и Законот за општа управна постапка, кои се дел од Високиот дијалог на Европската унија и Република Македонија што го предводат еврооокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски.

Министерот Селаковиќ истакна дека Србија и Македонија не се само земји што ги поврзува заедничкото минато, туку и заедничката индина.

– Токму тежнеејќи кон иднината и влегувајќи во процесот на европска интеграција се сретнуваме со слични, а некогаш и со идентични барања и препреки и затоа мислиме дека со заедничка борба за остварување на тие цели можеме многу повеќе да направиме отколку поединечно. Сметам дека на тој начин имаме можност да покажеме пример на добра билатерална регионална соработка за која се надеваме дека може да се прошири и со некои други држави, рече Селаковиќ.

Долго време, нагласи, административните системи на двете земји беа исти, сега се различни, но во деловите кои низ праксата се покажаа како добри нема причнина и понатаму да не останат исти.

– Меморандумот за соработка може да биде добра основа за продлабочување на целосната соработка меѓу двете држави. Заедно работиме на законите за општа управна постапка. Се надевам дека наскоро заедно и ќе ги донесеме со што ќе овозможиме уште подобро функционирање на стопанствата на двете земји, потенцира Селаковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски