Македонија и Косово потпишаа Договор за поттикнување и заштита на инвестициите

Од:

Реформите кои се спроведуваат во Македонија и во Косово, европските и евро-атлантските интеграции и можностите за понатамошно унапредување на односите во сферите од заемен интерес беа теми на денешните разговори во Скопје меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и потпретседателот на косовската Влада и министер за надворешни работи Хашим Тачи.

Двете страни, како што соопшти владината прес-служба, ја истакнале својата стратешка определба за членство во Европската унија и НАТО, потенцирајќи дека тој пристап е најдоброто средство за обезбедување на понатамошен напредок на регионот.

Станало збор и за подготовките за одржување на заедничка владина седница помеѓу двете земји, на која би се разговарало и за конкретни проекти за унапредување на соработката.

Се разговарало и за реализацијата на инфраструктурни проекти од регионален контекст, со што ќе се унапредат условите за засилување на трговската размена и ќе се има позитивно влијание за економскиот раст и отворањето нови работни места.

Акцент бил ставен на можностите за продлабочување на економските односи за што постои сериозен потенцијал. Во оваа функција по средбата беше потпишан Договор за заемно поттикнување и заштита на инвестициите, кој во име на Македонија го потпиша Зоран Ставрески, заменик претседател на Владата и министер за финансии.

Со потпишувањето на овој Договор се воспоставува правна рамка која на инвеститорите им ја гарантира сопственоста и правата кои произлегуваат од сопственоста. Постоењето на ваков Договор е еден од најважните предуслови за стимулирање на деловните иницијативи и привлекување на инвеститори меѓу двете држави, со што би се придонело во претстојниот период да се зголеми бројот на деловни односи и инвестиции помеѓу субјектите од двете земји.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски