А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија и Грција потпишаа програма за билатерална воена соработка за 2021 година

by А1он19/04/2021 - 11:34249
Share0

Помош и поддршка за прашањата поврзани со интеграција на армијата на Северна Македонија во НАТО структурите, обука и едукација во центри на грчката армија, соработка за низа теми од заеднички воен интерес, вклучува програмата за билатерална воена соработка за 2021 година потпишана меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Добивај вести на вибер

– Со потпишувањето на конкретната програма дополнително се надградува воената соработка и интероперабилноста меѓу вооружените сили на двете земји со спроведување како на заеднички вежби, така и оперативни активности. Во исто време, се истакнува клучната улога на Грција во брзата и ефикасна интеграција на соседната земја во механизмите на Алијансата, факт што ги промовира безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Балканот, соопштуваат од Генералштабот на грчката армија за потпишаната програма.

Поконкретно, програмата вклучува помош во прашањата поврзани со интеграција на армијата на Северна Македонија во структурите на Алијансата, вклучува прашања за едукација и обука во грчки воени институции и школи на трите сектори на вооружените сили, обезбедување на специјализирана обука во неколку центри како што е Мултинационалниот тренинг центар за поддршка на мировни операции и Центарот за воздушна и ракетна одбрана, активности за понатамошна надградба на соработката во специјалните операции со спроведување на заеднички обуки во двете земји, како и соработка за сајбер просторите, информациите, воена медицина и логистиката.

mo

Би можело да ве интересира

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Горан Наумовски22/12/2025 - 12:03

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски18/05/2023 - 12:3418/05/2023 - 15:11

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска28/04/2023 - 09:22

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on21/12/2022 - 11:5321/12/2022 - 12:04

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска12/01/2022 - 12:4012/01/2022 - 13:20

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска09/01/2022 - 08:5809/01/2022 - 09:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен