Македонија го достигнува процентот на смртност од Ковид-19 на Индонезија

Од:

Македонија, заедно со Бугарија и со Босна и Херцеговина имаат најголема стапка на смртност од Ковид-19 во регионот, покажуваат податоците на „Ворлдметар“ (Woldometers.info), каде на дневно се следи ситуацијата во светот со коронавирусот.

„А1он“ направи споредба меѓу триесетина држави, а процентот е пресметан според бројот на заразени лица во земјата и бројката на починати од Ковид-19.

Од графиконот може да се види дека процентот на смртност се движи од 1 па се до 9.2 (во Перу), но во просек, особено во европските држави, тој изнесува околу 2 проценти. Македонија излегува од овој просек.

Министерот за здравство Венко Филипче веќе изјави дека не е точно дека Македонија нема протоколи за лечење на Ковид-19.

„Никаде нема унифициран пристап за лекување од Ковид. Некаде има препораки, во зависност од клиничката слика на пациентот“, рече тој, додавајќи дека најзастапена возрасна група на хоспитализирани пациенти е онаа над 60 години, а од смртните случаи најголем број се граѓани постари од 70- годишна возраст, кои имале и други придружни сериозни болести како карцином како нерегулиран дијабетес, срцеви заболувања или биле подложни на повеќе хируршки интервенции.

„Нашиот систем, за лекарите и медицинските сестри, е во секој Ковид центар да има експерт, специјалист, пулмолог или интернист од областа на пулмологијата или инфектолог и тие работат по истите препораки“, рече тој.

За смртноста на помлади пациенти, Филипче изјави дека тие лица не се вакцинирани, а мал бил бројот на починати, а вакцинирани лица.

Центарот за контрола и превенција на болести во САД, завчера ја стави Македонија на 4-тото највисоко ниво, во земји каде треба да се избегнува да се патува.

„Доколку морате да патувате во овие земји, обележани со темно црвена боја, осигурете се да бидете целосно вакцинирани“, пишува Центарот за контрола и превенција на болести.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 176.494, бројката на оздравени пациенти е 156.307, на починати е 5.938, а бројот на активни случаи изнесува 14.249.

Вчера од Ковид-19 починаа 37 лица, од кои најмладиот пациент имаше 22 години.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска