Македонија ефикасно да се справи со нападите врз бугарските граѓани – Бугарија поднесе декларација до ЕУ

Од:

Бугарија пред Советот за општи работи на ЕУ поднесе декларација за потребата од ефективно гонење и осуда за злосторства од омраза од страна на властите во Северна Македонија. Советот за „Општи прашања“ ги прифати заклучоците на бугарската страна, јави известувачот на БГНЕС.

Темата е дел од владеењето на правото и основните слободи, кои се клучен критериум за напредок во процесот на пристапување во Европската унија, се нагласува во декларацијата.

Бугарската заменик-министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, изрази сериозна загриженост за зголемениот број на напади мотивирани од омраза насочени против граѓани на Северна Македонија со бугарски идентитет, во врска со што беше презентирана и предметната декларација.

Советот за општи работи ги прифати заклучоците на бугарската страна за политиката на проширување на ЕУ, чиј дел е и поднесената декларација. Многу од клучните иницијативи во оваа работна програма ги одразуваат и резултатите од Конференцијата за иднината на Европа.

Советот ја одобри Заедничката декларација на Советот, ЕК и ЕП за законодавните приоритети на ЕУ за 2023-2024.

Лидерите на трите европски институции треба да ја потпишат Заедничката декларација на 15.12.2022 година.

Овој потег доаѓа откако два бугарски културни центри во Северна Македонија беа нападнати само неколку дена откако Северна Македонија и Бугарија се договорија да работат на смирување на тензиите.

Во јули беше постигнат договор меѓу двете земји што и овозможи на Северна Македонија да го започне процесот на пристапување во ЕУ, откако Скопје се согласи да воведе измени во уставот во врска со промената на статусот на бугарското малцинство.

Но, промените во Уставот на Северна Македонија бараат двотретинско мнозинство во парламентот, што во моментов не е можно, поради што нема напредок во процесот на пристапување.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ