Македонија е на дното според ЕУ истражувачки програми

Од:

Швајцарија, Холандија и нордиските земји во најголем обем ги користат средствата за финансисрање на истражувачките програми во ЕУ, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Од седмата рамковна ЕУ програма, која започна да се реализира 2007 година и завршува годинава, најмногу пари, пресметано во евра по глава на жител, добила Швајцарија (197), Исланд (172), Данска (144), Холандија (143), Шведска (136), Финска (128) и Норвешка (113).

На самото дно на листата на земји-членки и кандидатки за членство во ЕУ, корисници на средствата за европски истражувачки програми, е Турција, со само 2 евра по глава на жител, а веднаш до неа се Македонија и Романија со по 5 евра и Србија со 7 евра.

Во регионот на Балканот најмногу полза од истражувачките програми на ЕУ има Грција со 72 евра по глава на жител, Словенија со 67, Хрватска со 16 и Бугарија со 11 евра. Нема актуелни податоци за Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово, пишува шведскиот весник „Гетеборг-постен“.

Конкуренцијата е силна кога станува збор за инвестициските фондови на ЕУ наменети за истражувачки програми, кои во период од 7 години изнесуваат вкупно 70 милијарди евра. За разлика од ЕУ-фондовите за поддршка, на пример, на земјоделството, апликанти од сите земји-членки и со кандидатски статус конкурираат за средства од истражувачките програми врз рамноправни услови.

– Станува збор за модел околу кој сите се согласни, иако одвреме-навреме се слушаат поплаки во некои земји, како на пример во Бугарија и Романија, кои се соочуваат со сериозни тешкотии да се справат со силната конкуренција, вели шведскиот ЕУ-пратеник Кент Јохансон.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија