Македонија е 5-та најрелигиозна држава во светот

Од:

Македонија ја зазема петтата позиција во светот според религиозноста на населението. Според истражувањето на интернационалната асоцијација „Gallup“ во врска со глобалниот индекс на религија и атеизам, во Македонија 90% од населението се декларирале како религиозни.

Првото место на листата го зазема Гана со 96%, потоа следуваат Нигерија(93%), Арменија и Фиџи со по 92%. Во првите десет најрелигиозни земји влегуваат и Романија, Ирак, Кенија, Перу и Бразил.

Од друга страна, истражувањето покажува дека во Македонија има само 1% на атеисти. Македонија се наоѓа на самото дно заедно со државите Бразил, Нигерија, Гана, Виетнам и Тунис. Најмногу атеисти, пак, живеат во Кина (47%), Јапонија(31%) и Чешка(30%).

Истражувањето е направено во 2012 година. Во него учествувале 50 илјади граѓани од 57 држави во светот.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Трибина на тема „Младите и религијата“

Ана Ололовска

Анкета: 84 отсто од населението во Македонија религиозно, а 88 отсто веруваат во Господ

Наум Локоски

Истражување: Над половина од граѓаните се сметаат за религиозни

Ана Ололовска

Четврта светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Ана Ололовска

Божиновска: Македонија не смее да биде заложник на каков било верски радикализам

Емир Латифовиќ

Стејт департмент: Правото на слобода на вероисповед во Македонија генерално се почитува

Ана Ололовска