Македонија добива 800.000 дози од Фајзер, 5850 стигаат во февруари

Од:

Македонија ќе добие 800 000 вакцини против Ковид-19, од производителот Фајзер, обезбедeни се вакцини за цела 2021 година, соопштуваат пд Министерството за здравство.

– Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вакцини против Ковид 19. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, велат од МЗ.

– Нашата земја навремено почна со подготовките за вакцинација против Ковид-19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктура каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона. Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а истите во нашата земја ќе пристигна месецов, се додава во соопштението на Министерството.

Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски