А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија дел од Програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната

by А1он16/09/2017 - 16:4216/09/2017 - 16:5773
Share0

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со писмо ја информирал министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека е прифатено барањето на Владата, Република Македонија да биде дел од Програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во писмото до министерката Шекеринска, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, посочил дека е добредојдено барањето за приклучување кон оваа програма и дека во следниот период тим од Секторот за политички прашања и безбедносна политика на НАТО ќе организира студиска посета на Македонија за утврдување на поддршка која е потребна.

– Врз основа на успехот на програмата досега, убеден сум дека таа ќе ги зајакне вашите институции за образование во одбраната, особено вашата Воена Академија. Образованието е критичен фактор на трансформација и нашата соработка во оваа област ќе ги поддржи и унапреди вашите напори за реформи во одбраната, стои во писмото од генералниот секретар на НАТО. Тој наведува дека со нетрпение ја очекува заедничката засилена соработка и продолжувањето на дискусија за време на посетата министерката Шеќеринска на седиштето на НАТО во Брисел на 27 септември.

Следете a1on на Youtube YouTube

Програмата за унапредување на образованието во одбраната е моторот зад реформите во одбраната, давајќи соодветна практична поддршка на земјите во развојот и реформите на нивните професионални воено-образовни институции. Таканаречената ДИП-програма (DEEP – Defence Education Enhancement Programme) од 2013 досега има организирано над 680 настани и има ангажирано над 1.240 експерти од Алијансата. Оваа програма е под водство на САД, Канада, Словачка, Шпанија, Швајцарија, Чешка, Франција, Италија, Литванија, Полска, Бугарија, Романија, а поддржана од сите земји-членки на Алијансата и конзорциумот на Партнерството за мир. Сега за прв пат пристап до програмата добива и Република Македонија, посочуваат од Министерството за одбрана.

nato

Би можело да ве интересира

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 00:4214/08/2026 - 18:44

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски14/08/2026 - 08:4414/08/2026 - 09:19

Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Горан Наумовски12/08/2026 - 18:49

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Горан Наумовски08/08/2026 - 21:02

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски08/08/2026 - 18:5508/08/2026 - 18:55

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО

Предраг Петровиќ07/08/2026 - 16:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео