Македонија дел од „Часот на планетата Земја“

Од:

На повеќе од 60 локации низ целата држава со едночасовно исклучување на светилките в сабота Македонија ќе се приклучи во светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која ќе испрати порака за спас на планетата.

Централниот настан, како што информира на денешната прес-конференција организаторот на акцијата Ѓорги Селков, е закажан на улица „Македонија“, Порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Музејот на холокаустот, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, мостот „Око“, Мостот на уметноста и плоштадот „Филип Втори“.

– Веднаш по исклучувањето на осветлувањето во 20:30 часот присутните ќе можат да погледнат уникатен флеш моб перформанс со специјални светлечки ефекти, збогатен со осветлување на улица „Македониај“ со свеќи во форма на 60+, кој е заштитен знак на планетата Земја, истакна Селков.

Во акцијата ќе се приклучат и скопските општини Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров. Во Охрид во мрак ќе останат Самоиловата тврдина, црквата „Канео“ и споменикот на свети „Кирил и Методиј“, а поддршка на акцијата најавиле и Прилеп, Кавадарци, Ресен, Струмица, Битола,…

– Главна порака на акцијата е „Употреби ја својата моќ и промени ги климатските промени“, истакна Селков повикувајќи ги граѓани да ја покажат својата моќ и да ги исклучат светилките „Македонијо, вклучи се во акцијата и исклучи ги светилките“.

Организатори на акцијата се Градот Скопје, Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја 60+“, Црвениот крст, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Националниот координатор за климатски промени во Министерството за животна средина и просторно планирање Теодора Обрадовиќ – Грнчаровска побара од граѓаните да ја поддржат волонтерската акција и да испратиме порака дека само со апртнерство меѓу владите, невладиниот сектор, бизнис заедницата и секој граѓанин е можно справувањето со климатските промени.

– Ние како претставници на Министеството за животна средина ќе бидеме тука и в сабота во 20:30 часот преку сопствениот пример да покажеме дека единствено со акција и реакција на сите нас заедно можеме да се справиме со климатскте промени, рече Обрадовиќ – Грнчаровска.

Црвениот крст, според претставникот Владимир Вукелиќ, преку своите општински организации со околу 1.700 млади волонтери преку различни активности да дадат сопствен пример за заедницата.

Поддршка на кампањата ќе и дадат познати личности од Македонија, меѓу кои Даниел Кајмакоски, Снеже Велков, Татјана Алексиќ, Атанас и Тино,…

Годинашната кампања се одвива под мотото „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“. Во акцијата ќе учествуваат 162 земји од светот, кои во 20:30 часот по локално време ќе ги исклучат светилките во над 8.000 градови.

Би можело да ве интересира

Преку 100 организации низ целиот свет бараат ново човеково право – на здрава Планета

Ана Ололовска

Одбележување на Денот на планетата Земја со „зелено ветување кон самите себе“

Ана Ололовска

ДОМ: Со акција „Селектирам Дома“ го одбележуваме Денот на планетата Земја

Ана Ололовска

С. Македонија на 28 март 11-ти пат во мрак за Часот на планетата Земја

Ана Ололовска

Одбележување на 22 Април – Денот на планетата Земја

Ана Ололовска

МЕПСО ќе го исклучи осветлувањето на дирекцијата за поддршка на „Час на планетата Земја“

Ана Ололовска