Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

Од:

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), викендов истовремено се одржаа два многу важни настани за јавното здравство, Четвртиот конгрес на Македонското здружение за хематологија и шестиот Балкански ден на хематологијата организиран од Европската хематолошка асоцијација.

Во МАНУ на едно место се собраа врвни експерти за хематологија од Македонија, Европа и САД.

Балканската експертска јавност покажа многу висок интерес за сите сесии кои беа внимателно осмислени за да ги третираат сите актуелни терапевтски достигнувања во справување со најтешките хематолошки болести.

Организацијата на овој престижен хематолошки состанок токму во Скопје е резултат на долгогодишна соработка меѓу Македонското здружение на хематолози, Европската хематолошка асоцијација (EHA) и националните хематолошки здруженија од балканските земји.

Македонските хематолози и во оваа прилика потврдија дека се во чекор со најновите терапевтски научни достигнувања и дека во ниту еден сегмент не заостануваат зад светските експерти во оваа многу значајна медицинска област.

Настанот официјално го отворија академик Димитар Ефремов и проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис. Во своите обраќања, тие го истакнаа значењето на регионалната и меѓународната соработка за напредокот на медицинската наука и подобрување на грижата за пациентите.

Академикот Еремов, при воведното обраќање ги поздрави присутните во името на МАНУ и истакна дека е горд што академијата е домаќин на овој значаен научен собир кој за него има особено значење, бидејки гостите се негови долгогодишни соработници во унапредувањето на научните достигнувања во областа на лимфопролиферативни болести.

– Ова е првпат да сме домаќини на ваков настан, кој се совпаѓа со Четвртиот конгрес на Македонското здружение за хематологија со меѓународно учество. Програмата беше фокусирана на најновите достигнувања и современи клинички практики поврзани со лимфопролиферативни нарушувања. Неверојатно е чувството да пишуваме историја за македонската хематолошка наука, знаејќи дека секој наш чекор води кон подобар третман и лекување на пациентите, изјави проф. д-р Пановска-Ставридис, искажувајќи благодарност до колегите од Италија, Велика Британија, Германија и целиот Балкан.


Програмата на конгресот опфати предавања за современите терапии кај лимфомите, хроничната лимфоцитна леукемија, мултиплиот миелом и други хематолошки малигнитети, како и сесии посветени на најновите генетски истражувања и иновативни пристапи во третманот на крвните заболувања. Особено внимание беше посветено на детска хематологија и на улогата на невладиниот сектор во застапување на пациентите.

Конгресот понуди вредни научни новости, но и создаде можности за вмрежување, идни партнерства и продлабочување на соработката меѓу медицинската заедница во региот.

Би можело да ве интересира

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски