Македонец загина во Србија, помагајќи на повредени во сообраќајка

Од:

Четириесет и четиригодишен Македонец, кој живее во Германија, утрово загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Белград – Ниш, кај Алексинац.

Тој излегол да им помогне на луѓето, кои биле повредени во сообраќајката, што ја предизвикал возач на „пежо 508“, исто така со германски регистарски таблички.

Македонецот кој се движел зад „пежото“, ја видел несреќата и истрчал да помогне. Меѓутоа на него налетал „мерцедес“ со унгарски регистарски таблички и го усмртил на лице место.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип