Македонец се обидел со 80 илјади евра да лета за Истанбул, турски државјанин се обидел да внесе 19 илјади долари

Од:

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, автоделови, ремени за прицврстување стока, електромотор, мобилни телефони, стоматолошки материјали, свежо овошје и зеленчук, употребувана скијачка облека и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Девизи
– 80.000 евра и 7.500 американски долари, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на багаж и личен претрес на еден македонски и еден турски државјанин.
Во првиот случај, за контрола бил селектиран македонски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Истанбул. На прашање на царинските службеници, патникот изјавил дека носи пари, но не го кажал износот. При личен претрес на патникот, во џеб од неговата јакна, во џеб од панталоните, во паричник и во долната облека, како и при преглед на куферот на патникот, во книга и во несесер, биле пронајдени вкупно 82.000 евра во апоени од по 500 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 80.000 евра биле привремено задржани, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.
Во вториот случај, при личен претрес на турски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул, во неговата рачна ташна биле пронајдени 19.000 американски долари. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 11.500 долари, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека 7.500 американски долари се привремено задржани. За сторениот девизен прекршок против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.
– 3.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин кој, управувајќи македонски автомобил, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во преден џеб од панталоните на патникот биле пронајдени 5.000 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.

Автоделови и ремени за товар
– 19 парчиња автоделови (предни и задни бришачи, светилки, патосници, дисплеј и ветробрани), 1 велосипед tacx blu matic, 1 ланец за велосипед и 1 пар очила uvex sport, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарно комбе со македонски таблички, извршена на патниот правец Крива Паланка – Куманово. Производите, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, биле пронајдени на и под совозачкото седиште на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 100 ремени за прицврстување товар и 1 водна пумпа за товарно возило, откриени при контрола на бугарски камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи, пронајдени под креветот во кабината на возилото, во една од страничните прегради на кабината и во сандаците на приколката, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Техничка стока
– 2 мобилни телефони Huawei P smart и 1 мобилен телефон Iphone Xs Max, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал на Меѓународниот Аеродром Скопје со лет од Цирих. Непријавените телефони се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 1 електромотор и 1 дел за електромотор, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени позади совозачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Стоматолошки материјали
– 3 килограми восок Cerewax, 50 плочки восок ARCAS LC, 364 вештачки заби од марките NT OPTIMA, Mega Plus и ERAY, 500 милилитри течност за моделирање Vision Modelling Liquid, 30 стругалки, 500 месингани колчиња и 1 сајла за мотор, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Производите, пронајдени под предните седишта на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Свежо овошје и зеленчук
– 839 килограми свежи калинки и тиквички, откриени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Облека
– 54 парчиња употребувана скијачка облека (јакни, панталони и ракавици), 167 освежувачи на воздух за возила и 374 парчиња врвци за чевли, откриени од страна мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во 2 патни торби и 4 кеси, сместени во багажникот и во кровниот багажник на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 1 уред за дијагностика на возила со ознака на заштитена трговска марка, откриен во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на ДХЛ пратка од испраќач од Сингапур, наменета за физичко лице од Скопје. Поради сомневање дека уредот повредува права од интелектуална сопственост, истиот е привремено задржан и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на неговата оригиналност.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ