Македонец почина на градилиште во Подгорица

Од:

Македонскиот државјанин Васе Игнатовски (22) од Пробиштип, бил пронајден мртов во понеделникот, околу 13 часот во една зграда во Подгорица.

Обвинителот Зоран Вучиниќ вчера дал наредба за обдукција, која ќе покаже дали младиот Васе Игнатовски починал од природна смрт, или трагедијата настанала поради некоја повреда.

Според неофицијални информации од полицијата, Игнатовски заедно со сопственикот на зградата тој заедно отишле на местото да се договорат околу уредувањето на канцелариите.

Тие, наводно, ја посетиле областа заедно, па по направениот договор сопственикот заминал, а Македонецот останал да провери што дополнително ќе треба да се направи.

Подоцна, некој од работниците, кои биле во близина, го откриле телото на Игнатовски како лежи неподвижено на една плоча.

Екипата на брзата помош кога пристигнала само констатирала смрт.

Се уште се чекаат резултатите од обдукцијата, но според првичните информации, немало знаци на насилна смрт.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип