Македонците во Велика Британија повикуваат за демократски промени во Македонија

Од:

Стотина Македонци кои живеат и работат во Велика Британија денеска ја изразија својата поддршка на граѓанските протести во Република Македонија.

Собирот започна во лондонскиот Хајд парк. Од таму групата граѓани и нивни пријатели се упати пред македонската амбасада каде на тамошниот претставник му предаде протестно писмо.

13046198_10209444415842535_1764836150_n

Меѓу другото Македонската заедница во Велика Британија бара:

Повлекување на одлуката за помилување на сите лица кои се под истрага или против кои се поведени кривични постапки од Специјалното јавно обвинителство, неотповиклива оставка на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов , повлекување на одлуката за парламентарни избори на 5 јуни
И воспоставување на преодна влада. Исто така се повикуваат меѓународните институции, пред се британскито министерство за надворешни работи, Европската комисија и Американскиот стејт департмент да се вклучат бо решавање на политичката криза во Македонија.

13090251_10209444416522552_1261327731_n

Иако најавуван немаше контра протест пред македонската амбасада во Лондон.

13059506_10209444417042565_1025354184_n

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа