Организацијата на Обединетите Нации објави извештај во кој се мери среќниот, слободниот и безгрижниот живот на луѓето.
Во истражувањето опфатени се 156 држави од целиот свет. Во извештајот Македонија се најде на 118-то место.
Најсреќни, според извештајот, се жителите на Данска, по нив следат Норвежаните, а третото место го држат Швајцарците.
Од регионот, само Бугарите се понесреќни од нас, и се наоѓаат на 144 место.
На дното на извештајот се најдоа Централната Африканска Република, Бенин и на 156 место е Того.
Колку е среќна една нација се мери според неколку критериуми, меѓу кои реалниот бруто домашен производ по глава на жител, здрав животен век, личност на која може да се потпрете во животот, носење на слободни животни одлуки, слобода од корупција и великодушност.