Македонци во Струга не можеле да гласаат, ги немало на Избирачкиот список

Од:

Голем број граѓани, Македонци, денеска се пожалија во Општинската изборна комисија во Струга поради тоа што ги нема на единствениот избирачки список.

Иако со валидни лични карти, сепак, велат дел од нив, кога отишле да го остварат своето право на глас биле вратени зашто ги немало нивните имиња на избирачкиот список каде што досега гласале.

– И кај нас имаше три до четири вакви случаи, но ги упативме до Општинската изборна комисија за да видат на кое избирачко место припаѓаат, изјави Сервер Шашко, претседателка на Избирачкиот одбор во гласачкото место 1851 лоцирано во просториите на Агенцијата за вработување во Струга.

Претседателот на ОИК Џенгис Хани, потврди дека вакви случаи веќе се обратиле до Комисијата, но, како што рече, ОИК не е надлежна за избирачкиот список.

– Досега немавме никакви проблеми и се е во ред. ОИК не е надлежна за единствениот избирачки список што значи граѓаните треба да се обратат до подрачната единица на ДИК во Струга. Немам конкретна бројка колку луѓе се пријавиле во ОИК дека ги нема во избирачкиот список, рече Хани.

Инаку, изборниот ден во Струга каде што на 78 избирачки места се гласа за еден од вкупно тројца кандидати за градоначалник и помеѓу пет советнички листи се одвива мирно и без поголеми проблеми.

Според последните информации од ОИК, до 13 часот на гласање излегле 40,3 проценти од граѓаните со право на глас.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември