А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонци уапсени во Полска за производство на цигари за шверц

by А1он12/03/2013 - 12:14221
Share0

Полската полиција уапси осуммина Македонци кои во нелегална фабрика во Лоѓ, за полски сопственик, призведувале цигари наменети за шверц.

Добивај вести на вибер

Уапсени се и двајца полски државјани кои работеле како обезбедување. Главен организатор на полско-македонската организирана група и работодавач бил 36-годишен Полјак, пренесува Дојче веле.

– Во фабриката се запленети два тони тутун, 165 илјади цигари, милион филтери и 700 илјади празни картонски боксови за пакување. Во две хали со површина од по околу 1.500 метри квадратни полицијата нашла технолошка линија за производство на цигари на која работеле осуммина Македонци на возраст од 27 до 60 години, изјави портпаролката на полицијата во Лоѓ, Јоана Качка.

Сите единаесет мажи се уапсени, а Централното истражно биро ги обвини за учество во организирана криминална група која се занимавала со нелегално производство на цигари. За тоа на обвинетите им се заканува казна од пет години затвор, а на Полјакот, организатор и шеф на нелегалната работа, до 10 години затвор.

cigarisverc

Би можело да ве интересира

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 18:20

Цариници запленија 94 пара патики и 620 електронски цигари во товар со пченка

А1он11/03/2026 - 17:00

Различни модели во борбата против пушењето: од алтернативи до забрани

Горан Наумовски07/03/2026 - 12:17

Во дел од Европа алтернативите се дел од решението, во Македонија се соочуваат со ограничувања

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:1404/03/2026 - 12:14

Стапката на пушење останува висока – дали рестриктивниот пристап дава резултат?

Горан Наумовски20/01/2026 - 11:5520/01/2026 - 12:02

На „Богородица“ се запленети девет пиштоли, шверцерот е во притвор

Горан Наумовски16/01/2026 - 12:2216/01/2026 - 12:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен