Макборба: 1200 луѓе на раб на преживување заради Тодоровиќ

Од:

Порталот Макборба дознава дека империјата Тинекс на газда Тодоровиќ не е баш најчесно создадена.

Макборба дојде до информации дека почетокот на империјата Тинекс бил во објекти на комапанијата АД Центро за кои што Тодоровиќ требало да плаќа кирија.

Центро е компанија со 1200 вработени, кои што веќе над 10 години се стечајци. На сите 1200 вработени им се должат од 5 до 7 неисплатени лични доходи, додека работела компанијата.

Тие плати веќе им ги должи државата бидејќи Центро за цел тој период функционира со стечаен управник. Инаку стечаен управник на Центро е господинот Ацо Петров, во јавноста познат како човек подоцна поставен од ВМРО-ДПМНЕ и за стечаен управник на А1 Телевизија, човек кој е приватно близок со Тодоровиќ, пренесува порталот.

Целата работа е што Тодоровиќ веќе 10 години нема ни денар платено за кирија за користење на 15 објекти во сопственост на АД Центро, пишува Макборба.

Според порталот, останува на стечајците да се надеваат дека кога тогаш во Македонија ќе профункционира правната држава, и дека Тодоровиќ ќе мора да го плати заостанатиот долг, за да тие луѓе да може да се прехранат.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ