Мајката на Мицкоски позитивна на Ковид-19

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот, веќе неколку дена, и рече дека тој немал контакт со неа и поради тоа не е во самоизолација.

„Направено е тоа епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина се разбира ќе бидат и се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам така што да за жал точно е. Веќе неколку дена би рекол 5-6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје, за жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус“, изјави Мицкоски.

Тој им посака здравје на граѓаните, велејќи дека „за разлика од други определени политичари нема да ја релативизира работата“.

„Многу сериозен е овој вирус и луѓето кој што го преживуваат, сериозно го преживуваат. Имајќи ја во предвид неспособноста на Владата, имајќи ја во предвид неспособноста на ресорниот министер да се справи со оваа пандемија таа за жал на дневна основа е се повеќе присутна помеѓу нас. Но и тоа е уште еден мотив повеќе за мене за да излезам до 15 јули да разговарам со што е можно повеќе граѓани, да ги убедам да на 15-ти јули ја поразат оваа власт предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски