Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Од:

Мајката на 26 годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска в понеделник пред Собранието, со почеток во 16.30 часот, организира протест со цел притисок врз надлежните институциите за пронаоѓање на нејзиниот син. Таа за „А1он“ вели дека е разочарана од досегашната истрага по Пино, за кој 73 дена нема слушнато никаква вест.
Трпковска, на мирниот протест ги повика семејствата кои имаат исчезнати деца или роднини да се приклучат и заеднички да кренат глас.

-Нема да се откажам од потрагата по мојот син. Низ невидена агонија поминувам. Не знам, како може полицијата да нема информации за случајот, а згора на тоа инспекторите кои го водат случајот повеќе не ми креваат слушалка, ме блокирале на телефоните. Не знам веќе каде да се обратам. Дали е ова држава? Не сум политичар, не знам да зборувам како нив, но ако имаат срце, нека се за ангажираат повеќе и тие се родители, луѓе пред се. Чувствувам дека моето дете е живо, затоа и се одлучив на овој чекор, да барам јавна поддршка, изјави Трпковска за „А1он“.

Инаку, таа додава дека Пино бил мирно момче, не се дружел со лошо друштво, вреден, комуникативен и ведар по природа. Последен пат, пред да исчезне излегол од дома со автомобил „Шкода Фабија“ со регистарски таблички SK 1566 AP. Два и пол месеци од тогаш нема трага ни глас од него, ниту пак е виден автомобилот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он