А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мајчино млеко за 61 бебе во Лактариумот на Клиниката за гинекологија

by А1он27/10/2014 - 10:12223
Share0

Лактариумот на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, што функционира од почетокот на август годинава, досега го посетиле 53 мајки, а експресираното мајчино млеко е вклучено во исхраната на 61 новородено дете, меѓу кои и 8 пара близнаци, соопшти денеска Министерството за здравство.

Добивај вести на вибер

Лактариумот е наменет за мајките-родилки кои веќе го напуштиле родилиштето, а чии новородени деца се третираат на одделението за интензивна неонатална нега и терапија.

Во лактариумот, мајката-родилка прави експресија (измолзување) на млекото, а потоа експресираното мајчино млеко е вклучено во исхраната на новороденото дете. Лактариумот е организиран согласно Водичот за експресија и употреба на мајчино млеко. За експресија на мајчиното млеко се употребуваат рачни пумпи за еднократна употреба, кои ги обезбедува Клиниката.

Според Министерството за здравство, функционирањето на лактариумот овозможува унапредување на грижата за ранливите категории новороденчиња и придонесува кон подигнување на свеста за значењето на мајчиното млеко.  Мајчиното млеко, посочува ресорното Министерство, е многу значајно за подобрување и зајакнување на имунитетот кај ранливите групи новороденчиња, особено предвремено родените деца, новороденчињата со мала родилна тежина, или болните новородени деца.

– Исхраната со мајчино млеко овозможува и други придобивки, како што се: унапредување на севкупниот развој на новороденчето (физички, моторен, социо-емоционален и когнитивен развој), намалување на ризикот од хронични и автоимуни болести (алергија, aстма, дијабет и разни инфекции) во периодот на детството, како и намалување на можноста за понатамошна појава на хронични незаразни заболувања. Воедно, на овој начин се постигнува значаен психолошки ефект на зајакнување на емотивната врска помеѓу мајката и новороденчето, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

ginekologijazdravstvo

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Горан Наумовски09/03/2025 - 17:14

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Предраг Петровиќ28/02/2025 - 17:51

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски30/01/2025 - 12:2530/01/2025 - 15:04

Првото бебе во 2025 година е машко

Катерина Ѓуровски01/01/2025 - 08:1201/01/2025 - 08:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен