Позитивна на Ковид – 19 е Маја Ралевска, секретар на Општина Центар. Тестиран е и градоначалникот Саша Богдановиќ поради секојдневниот интензивен контакт. Неговиот резултат се очекува денеска.
Од Општина Центар велат дека Ралевска изминатиот период редовно доаѓала на работа, носела маска но била во контакт со вработените и со градоначалникот.