Маја Иванова им подари пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести

Од:

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова денеска ја посети Клиниката за детски болести во Скопје и им подари новогодишни пакетчиња на децата згрижени во таа јавна здравствена установа.

– По традиција, и оваа година сум на Клиниката за детски болести во Скопје во пресрет на новогодишната ноќ. Во посета сум на децата кои за жал оваа Нова година место во своите домови ќе ја поминат на клиника, изјави Иванова.

Новата година, како што рече, пробудува чувство дека доаѓа нешто ново, пробудува надеж оти наредната што доаѓа ќе биде посреќна, повесела, порадосна, поуспешна за сите нас.

– Посакувам во Новата 2017 година да нема повеќе детски и родителски солзи. Овие деца што поскоро да се вратат во своите домови, во прегратките на своите родители, баби и дедовци, во школските клупи меѓу своите другарчиња, рече Иванова.

Таа изрази благодарност и почит кон персоналот на Детската клиника кои, како што рече, пред се ја даваат својата несебична љубов, а потоа и своето знаење за сите деца што се на клиника и воопшто за сите деца на кои им е потребна помош.

Иванова упати благодарност и до медиумите кои, како што рече, секогаш се присутни кога се во прашање децата. – Посебно ви благодарам за се што правите кога се во прашање децата со посебни потреби и децата со аутизам затоа што преку вас допира нашиот глас во јавноста за подигање на јавната свест дека овие проблеми постојат. Ви ја честитам Новата година и ви посакувам лична и семејна среќа на сите и се надевам дека во Новата 2017 година ќе имате многу успешни детски приказни, нагласи Иванова.

Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова изрази задоволство од традиционалната посета на првата дама, Маја Иванова со која ги слушаат желбите на дечињата, кои ги искажуваат во просториите на клиниката.

– Болеста им оневозможува тоа да го направат во своите домови, со своите другарчиња. Убавата енергија што ја внесуваме заедно, пакетчињата што ги делиме и споделбата на желбите кои сакаме да ни се исполнат, а тоа е здравјето, да ни биде секогаш примарно. И оваа година тоа е дел од нашата најголема желба – 2017 година да бидеме сите многу поздрави, посреќни и понасмеани и со многу повеќе љубов, рече Софијанова.

Одговарајќи на новинарско прашање, Софијанова рече дека капацитетот на Клиниката е исполнет 100 отсто. – Не ни се случило толку многу да имаме деца во последниов период бидејќи имаше доста горнореспираторни и гастроинтестинални инфекции. Некаде околу 90 до 100 деца ќе бидат на клиниката, рече Софијанова.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски