Магла на Шапка и во Крушево, видливоста намалена на 30 метри

Од:

Поради појава на магла, видливоста на Попова Шапка и Крушево е намалена на 30 – 50 метри, соопшти вечерва Автомосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб дожд врне во Битола, Прилеп, Железнец, Штип, Сарамзалино, Крива Паланка, Тетово и на планинските превои Буково, Плетвар, Стража и Маврово. На Попова Шапка провејува слаб снег кој не се задржува подолго на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ангелов од Попова Шапка: Ќе бараме решение да се намали ризикот од средби со мечките, ова е сепак територија во која природно припаѓаат

Орце Костов

По половина месец повторно можност за скијање на Попова Шапка

Горан Наумовски

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Снег на превоите Буково и Пресека, магла на патот Делчево – Македонска Каменица