Магла кај Сарамзалино, Неготино и на патниот правец Катланово-Велес

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози, додека на повисоките планински и осојничави места коловозите се влажни. Намалена видливост од 50 до 100 метри поради појава на магла има кај Сарамзалино, Неготино и на патниот правец Катланово-Велес, информираат од АМСМ.

На патниот правец А-2 Кичево – Охрид (помеѓу планински премин Пресека и с.Врбјани) поради изведување градежни работи на патот (минирање) денес, петок 09.02.2018 во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

Би можело да ве интересира

Спасен Германец кој залутал на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег

Забарана за тешки товарни возила на два патни правци