М-НАВ ја зголемува безбедноста на сообраќајот на македонското небо

Од:

Одобрување на системот на Македонската навигација, како и зголемување на безбедноста на воздушниот сообраќај над македонското небо, е целта на новата набавка на МНАВ, информираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при посетата на Македонската навигација.

– Оваа набавка ќе го подобри сето она што значи зголемена безбедност во воздушниот сообраќај. Станува збор за радари, опрема за комуникација, метео- опрема и АТМ- системи, истакна Сугарески.

Николче Тасевски, претседател на Управниот одбор и еден од директорите на Македонската навигација, појасни дека се работи за опрема во висина од над 13 милиони евра, од кои осум милиони евра е за АТМ- системот, 3,5 милиони евра за радарската опрема, 1,6 милион евра за систем за комуникации и нова метео- опрема во висина од 700 илјади евра.

– Важно е сите овие проекти да бидат имплементирани за подобрување на квалитетот на давање услуги, за да се зголеми капацитетот на контролата на летање, бидејќи во моментов можеме да задоволиме само илјада прелети на ден, а со новата опрема би можеле да задоволиме до 2,5 илјади прелети на ден, истакна Тасевски.

Според него, Македонската навигација работи успешно во однос на финансиската состојба, како и во обемот на прелети каде во август се реализирани рекорден број од над 930 прелети на ден

Би можело да ве интересира

Серија пропусти во вработувањата во М-НАВ констатирал Инспекторатот за труд

М-НАВ со ново раководство, Милан Кораќ претседател на Управниот одбор

Горан Наумовски

АЦВ подготви 11 задолжителни мерки за М-НАВ, прекршочни платни налози за фирма и лица

Мерката домашен притвор кај еден од „тепачите“ во М-Нав сменета во затворски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ

А1он

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму