Академик на МАНУ и поранешен директор на Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски соработувал со тајните служби, утврди Комисијата за лустрација на денешната седница. Академикот соработувал со УДБА и со СДБ од 1950 сè до 1987 година.
Во службените досиеја на УДБА и СДБ тој имал псевдоним Марко Мариќ. Лустраторите тврдат дека тој ги кодошел студентите од студентскиот клуб Пирин каде и самиот бил член, а меѓу шпионираните бил и писателот Богомил Ѓузел.
Лустраторите денеска лустрираа и поранешен директор на скопска гимназија.