Лустрациска врши проверка на новопријавените кандидати

Од:

Комисијата за верификација на факти добила повратни информации за 1.581 кандидат за советници и градоначалници од Управата за контраразузнавање и Воената служба при Министерството за одбрана. Во текот на денот  очекува и одговори од Државниот архив и од Агенцијата за разузнавање за тоа дали новопријавените кандидати биле соработници со тајните служби.

Утре, како што најави портпаролот на Лустрациска Предраг Димитровски, Комисијата ќе одржи седница. Во интерес на времето овојпат сите пристигнати кандидатури се испратени до четирите институции, освен за кандидатите за Струга и Кичево, бидејќи за нив одлучуваше Управниот суд. Но и тие ќе треба да го поминат лустрацискиот филтер.

Според законот, кандидатите за советници и градоначалници мора да го поминат лустрацискиот филтер. По првото пријавување за советници и градоначалници, меѓу кандидатите за советници беа пронајдени тројца соработници со тајните служби.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“