Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Од:

Програмата за реконструкција на фасади и модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради на територијата на нашата општина. Знаеме дека голем број згради особено постарите со години се соочуваат со исти проблеми: дотраени фасади, нефункционални лифтови и недоволна заштита на влезовите.

Овие состојби не се само естетски недостаток, тие се прашање на безбедност на достоинство и на еднаква пристапност на сите жители.

Постарите лица, лицата со намалена подвижност, мајките со количките сите тие секојдневно зависат од исправноста на лифтовите, најави Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош.

Со овој проект воведуваме и субвенции за целосна реконструкција на фасадите со што ќе постигнеме поголема енергетска ефикасност, пониски сметки за греење и ладење и поубава урбана слика за Карпош.

Истовремено ќе обезбедиме замена на сите клучни безбедносни компоненти на постоечките лифтови, од сајли сопирачки до ултразвучни механизми и системи за итни случаеви.

Работите ќе бидат изведувани по современи стандарди и со задолжителни проверки за лифтовите, да бидат сигурни, доверливи и трајни.

Дополнително во сите влезови ќе бидат поставени шифрарници за поголема контрола и безбедност на станарите, за спречување и злоупотреба од трети лица.

Оваа иницијатива не е само техничка интервенција, ова е инвестиција во едно човечко достоинство, во комфор и во секојдневна сигурност на жителите на Карпош.

Со овој фонд нашата општина ќе покаже дека знае да се грижи, дека умее да реагира и дека има визија, да создаде современа уредна и безбедна заедница за сите жители.

Карпош ќе биде пример како се градат услови за удобно и пристојно живеење. Ова е чекор напред кон поквалитетно секојдневие, за секој дом, за секој влез, за секој жител, рече Лукровски.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие