Лукаревска: Жестоко ќе реагираме на секоја навреда, непримерен збор и потценувачки гест кон секоја жена од која било партија

Од:

Како ќе наближува денот на изборите, еднакво пропорционално ќе засили говорот на омраза и на сексистичките коментари. Тоа вознемирува, но нема да не обесхрабри, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, на осмомартовскиот марш на СДСМ, што се одржа денеска во Кавадарци.

Лукаревска порача дека социјал-демократките, жестоко ќе реагираaт на секоја навреда, на секој непримерен збор и потценувачки гест кон секоја жена од која било партија.

– Тоа ни доликува, тоа му доликува на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија. Затоа и станав дел од него. Говорот на омраза не е наша политичка култура. Нема да молчиме зашто злото не се победува со молчење. Навредите и заплашувањата само ја мобилизираат нашата храброст – порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, од осмомартовскиот марш на СДСМ во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?